На почеток


Прес - 18.03.2009

EVN Македонија регрутира нови електроинженери и апсолвенти

Преку програмата за вработување и обука на стручен кадар „Тrainees“, EVN Македонија вработува нови 38 електро инженери и апсолвенти од Електротехничкиот факултет во Скопје.
Оваа програма која компанијата ја спроведува веќе трета година по ред, нуди вработување во комбинација со обука на млади инженери кои тукушто дипломирале или се студенти во последната студиска година. Вработувањето е на определен временски период од една година, со можност за понатамошно продолжување на работниот однос.

Со цел да се овозможи нивна професионална надградба, во обуката е предвидено младите инжeнери да ротираат низ различни оддели или Кориснички енерго центри, со што ќе може да се запознаат со проблематиката и со специфичните работни процеси. Програмата овозможува размена на искуства и трансфер на знаење помеѓу македонските, но и помеѓу колегите од сите фирми-ќерки во EVN Концернот.

Од оваа година предвидено е програмата да се прошири со вработување и развој на млади стручни кадри и од Електротехничкиот факултет во Битола.
Преку оваа програма досега се вработија 16 студенти кои го најдоа своето место во компанијата и ќе продолжат да го практикуваат и надоградуваат своето стручно знаење.

Превземи во формат .doc

<<<