Свечено пуштена во употреба новата хидро електрична централа Матка
Новата хидро електрична централа Матка на EVN со двојно зголемен капацитет од досегашните 4,2 MW на 9,6 MW
Денеска EVN Македонија свечено ја пушти во употреба новата хидро електрична централа Матка. Новата ХЕЦ Матка е изградена веднаш до старата хидроцентрала и ќе работи со двојно зголемена моќност, наместо досегашните 4,2 мегавати, ќе работи со капацитет од 9,6 мегавати. Нова машинска зграда беше изградена, во која беше инсталирана нова опрема, нови турбини од GE Норвешка и генератори од INDAR - Шпанија. Освен зголемувањето на моќноста, зголемен е и прагот на ефикасноста на оваа хидроцентрала за 90%, со проток од 42м3/с, со што се овозможува и целосно искористување на водата. Хидроцентралата исто така е комплетно автоматизирана, со далечинско надгледување и управување.
ХЕЦ Матка е изградена во далечната 1938 и во тоа време централата била основниот извор на снабдување со електрична енергија на Скопје.
Новата ХЕЦ Матка е ревитализирана од страна на чешката компанија Хидропол. Претседателот на Управниот одбор на EVN Македонија, MMaг. Георг Валднер:
„Со реконструкцијата на ХЕЦ Матка, EVN Македонија ги зголеми домашноти производствени капацитети од обновливи извори на енергија “.
Реконструкцијата на ХЕЦ Матка е дел од инвестиционата програма на EVN во Македонија. Во последните три години EVN Македонија инвестираше во подобрување на дистрибутивната мрежа, инфраструктурни услуги и централи за производство на електрична енергија. До крајот на 2009 год. сите 11 мали хидроцентрали ќе бидат ревитализирани.
Превземи во формат .doc
|