EVN Македонија инвестираше над 108,3 милиони евра во последниве 3 години
Реномираната независна ревизорска куќа КПМГ потврдува дека инвестициите на EVN Македонија во последните три години достигнале 108,3 милиони евра, со што инвестициите достигнале повеќе од 12,3 милиони евра повеќе од задолжителните 96 милиони евра, согласно Купопродажниот договор.
Инвестициите на EVN Македонија достигнаа 108,3 милиони евра во изминатите три години, откако EVN Македонија купи 90% од акциите на „ЕСМ Дистрибуција„ во април 2006 година. Ова го потврди реномираната ревизорска куќа КПМГ, која со вклучување и на последните забелешки од страна на ревизорската куќа Ернст и Јанг, дава целосна и вистинска слика на реализиранаите инвестиции. Се работи за темелни инвестиции во дистрибутивната мрежа и тоа во сите сегменти, со што значително се подобри квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Во ревизорскиот извештај на КПМГ, се констатира дека EVN Македонија ги реализираше сите инвестиции, што како обврска произлегуваат од купопродажниот договор за купување на „EVN Македонија“. Согласно овој Договор EVN Македонија требаше да инвестира 96 милиони евра, во периодот од 2006-2009 година, односно за три години по влезот на компанијата на македонскиот пазар. EVN Македонија не само што ја исполни оваа обврска за инвестирање, туку и ги надмина инвестициите за 12,3 милиони евра.
Инвестициите придонесоа за подобрување на дистрибутивната мрежа и го намалија периодот на испади за 50%, а подобрени се и техничките перформанси на мрежата. Околу 960 македонски компании се ангажирани како кооперанти, изведувачи и подизведувачи од страна на EVN Македонија. Истовремено инвестициите отворија неколку стотици работни места во компанијата, со што се отвори шанса за младите квалификувани кадри.
Превземи во формат .doc
|