На почеток


Прес - 19.12.2006

АД ЕСМ ќе инвестира околу 43 милиони евра во 2007 година

Средствата предвидени во инвестиционата програма главно се наменети за подобрување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, преку обновување на сите напонски нивоа и инфраструктурата на компанијата. Ова е најголемата планирана инвестиција во историјата на АД ЕСМ во делот на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија. Најголем процент од инвестиционите средства, околу 30% ќе се вложат во нови трафостаници, а останатите средства се однесуваат на нови трансформатори, инвестиции во среднонапонската и нисконапонската мрежа, водови, набавка на нови броила, тековно одржување, како и повеќе поединечни инвестиции. При изготвување на програмата се земаа предвид и сите досега направени анализи кои покажаа итност од потребата за зголемување на сигурноста и квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Со оваа инвестициона програма, АД ЕСМ ја потврдува својата оринетираност кон своите потрошувачи, што е една од главните цели на компанијата. Програмата за инвестиции и одржување беше одобрена на денешната седница на Надзорниот Одбор на АД ЕСМ.

Превземи во формат.doc

<<<