EVN Македонија доби две награди и две признанија за општествена одговорност
EVN Македонија денес доби две национални награди за корпоративна општествена одговорност во категориите заштита на животната средина и вложување во заедницата за проектите „Училишниот сервис Kids“ за едукација на деца од основни училишта и „Управување со отпад и заштита на штрковите“.
Специјални признанија, пак, доби во категориите за однос со потрошувачи и однос со вработените за проектите: оформување на Центар за односи со потрошувачи и EVN Македонија Академијата со програмата „Trainees“.
“ Особено ми е драго што ги добиваме овие награди како потврда за нашиот општествен, комерцијален и еколошки ангажман во Македонија. Особено сме горди и благодарни на ова признание кое доаѓа во овие тешки времиња .” изјави Г-дин Георг Валднер, претседател на Управниот Одбор на EVN Македонија, АД.
Со ова EVN Македонија продолжува да чекори по стапките на EVN Австрија која е повеќекратен победник на слични награди во Австрија, вклучувајќи прво место на националото рангирање за корпоративна општествена одговорност, како и различни награди за екологија и социјален ангажман.
Училишниот проект на EVN Македонија постои веќе две години и преку овој проект посетивме близу 20.000 деца во речиси 200 училишта низ цела Македонија. Особено сме благодарни за подршката на невладиниот сектор за спроведувањето на проектот со што се покажува дека постои волја и доказ за успешна соработка меѓу бизнис и невладиниот сектор.
Проектот за заштита на штрковите кои се гнездат на дистрибутивната мрежа е долгорочен проект на EVN Македонија. Целта на проектот е да се заштитат птиците од опасностите од електричен удар.
Оформувањето на Центарот за односи со потрошувачи го сметаме за посебно постигнување бидејќи потрошувачите конечно може да ја добијат информацијата и услугата кои им се потребни. Беше изграден за рекордно време, а користена е и најмодерна опрема. Потрошувачите сега можат да стапат во контакт со нас 24 часа во денот, 365 дена од годината, на два јазика и преку сите можни форми на комуникација.
EVN Македонија Академијата функционира како интерна образовна институција за дополнителна квалификација на нашите вработени. Преку 2.000 вработени беа досега вклучени во едукативни програми на Академијата. Тrainees програмата претставува посебен вид на вработување на млади електроинженери преку нивно интерно обучување. Досега 60 нови млади кадри се вработени на овој начин.
Националното координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата е тело кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија. Целта на наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување и притоа да инспирира на воведување и понатамошно унапредување на општествена одговорност кај претпријатијата во Македонија.
Превземи во формат .doc |