На почеток


Прес - 01.07.2009

Пуштена во употреба  реконструираната трафостаница во Росоман

Околу 3 500 жители од општина Росоман добија подобро и поквалитетно напојување со електрична енергија

EVN Македонија ја пушти во употреба реконструираната 35/10 КВ трафостаница во општина Росоман, со што ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија за 3.500 жители во овој регион. Трафостаницата во Росоман е целосно реконструирана и опремена е со комплетно нова расклопна опрема, а истовремено пуштени се под напон пет нови изводни келии, нова келија со релејна заштита, сопствен трансформатор и нова мерна келија.

Преку реконструкцијата на 35/10 КВ трафостаница во општината Росоман се реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија. Општината Росоман доби значително поквалитетно напојување со електрична енергија, а истовремено се намали ризикот од можни испади во овој чувствителен регион. Досега овој регион заради должина на далекуводот и многуте отцепи со застарени далеководи изградени на дрвени столбови, често пати се соочуваше до дефекти од невреме. Со новата реконструирана трафостаница овој проблем е значително надминат. 

Целосната реконструкција на трафостаницата во Росоман е дел од инвестицискиот циклус на EVN Македонија за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во македонскиот дистрибутивен систем.

<<<