EVN Македонија го реши проблемот со снабдување во Хиподром
Нова 10 kV трафостаница беше пуштена во употреба во населбата Хиподром во близина на спортскиот полигон. Со тоа, EVN Македонија го реши долгогодишниот проблем на жителите од оваа населба кои се соочуваа со низок напон и неквалитетно снабдување со електрична енергија поради интензивна дивоградба на семејни објекти.
Новата трафостаница заедно со новите нисконапонски изводи низ населбата целосно ги нормализираат напонските прилики и претставуваат трајно решение за квалитетно снабдување со електрична енергија.
Досега, жителите од оваа населба се напојуваа преку долг и стар извод од трафостаницата Маџари што беше и причина за честите прекини и лошото снабдување.
„Трафостаницата беше изградена во рекордно време, а EVN Македонија и натаму ќе биде отворена за соработка со сите редовни и совесни потрошувачи одговарајќи на нивните потреби“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик претседател на УО на EVN Македонија.
|