На почеток


Прес - 27.07.2009

EVN Македонија се ослободува од старите трансформатори кои се потенцијална закана за околината
EVN Македонија провери и отстрани 500 стари трансформатори кои беа надвор од употреба и кои претставуваа потенцијална закана за околината поради присуство на старо нееколошко масло.
Се работи за масло кое во светот не се користи повеќе од две децении, а кое доколку дојде во допир со други материи испушта отровни состојки опасни за животната средина и за здравјето на луѓето. Оваа сложена активност, екипите на EVN Македонија ја завршија пред предвидениот рок.

Трансформаторите не биле проверени и отстранети со децении. Сега тие се дислоцирани во специјални бункери во Германија каде целосно се разложуваат и уништиваат.

Како компанија која се грижи за животната средина EVN Македонија ја започнаа оваа акција во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а главна цел е отстранувањето на отровни материи од трансформаторите.

EVN Македонија и понатаму продолжува со своите активности во насока на подобрување и унапредување на животната средина. Со континуирано вградување на нови трансформатори, старите ќе се уништуваат на соодветен еколошки начин.

Превземи во формат .doc
<<<