На почеток


Прес- 17.08.2009

Двојно намалени дефектите во среднонапонската мрежа на EVN Македонија

EVN Македонија регистрираше двојно помалку дефекти во среднонапонската мрежа во месец јули во однос на истиот месец минатата година. Регистрирани се околу 600 помали или поголеми дефекти, наспроти 1100 кои се случија минатата година во истиот период.

Освен бројот на дефекти намалено е и времетраењето на нивното санирање за 30%. Тоа пред се, се должи на вложените инвестиции во изминатите три и пол години, како и новата организациона поставеност на ЕVN Македонија во поглед на брзо и успешно лоцирање и отклонување на дефектите.

Значително се намалени и дефектите на нисконапонско ниво и покрај лошите временски услови кои во неколку наврати беа неповолни за дистрибутивната мрежа.


Превземи
во формат .doc
<<<