На почеток


Прес - 27.08.2009

ЕVN Македонија и ФЕИТ потпишаа меморандум за интензивна соработка

Обезбедување студентска пракса, награди и стипендии за студенти, вработување на дипломирани електроинженери, соработка при развојно истражувачки проекти и друго, се само дел од точките на Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу ЕVN Македонија и Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Целта е да се реализираат активности кои се од заеднички интерес на двете страни базирани на искористување на научно-стручните и технички услови насочени кон унапредување на едукативните и истражувачки активности од областа на електротехниката и информациските технологии.

„ЕVN Македонија и досега имаше соработка со Факултетот за електротехника поттикнувајќи го развојот на млади кадри, а со овој меморадум само ги проширивме полињата на соработка кои ќе бидат од бенефит и за двете страни. Дејноста на нашата компанија е природно врзана со она што овој факултет го продуцира, стручни и професионални кадри“, изјави Георг Валднер, Претседател на УО на ЕVN Македонија.

Проф. Др. Миле Станковски, Декан на ФЕИТ: „Факултетот настојува да ги согледа потребите на кадри од  областа на енергетиката, а во тие рамки и на ЕVN Македонија и преку осовременување на своите наставни програми да оспособи инженери, кои своите знаења ќе ги применат во работењето на ЕVN Македонија.“

Досега ЕVN регрутираше над 60 апсолвенти и дипломирани електроинженери од Електротехничкиот факултет преку програмата за вработување на млади и стручни кадри „Trainees“.


Превземи
во формат.doc
<<<