За уште еден месец продолжени поволностите за плаќање на заостанатите сметки за електрична енергија
Потрошувачите на EVN Македонија и овој месец ќе можат да ги користат поволностите за плаќање на заостанатаите сметки за електрична енерегија. Поради големиот интерес, EVN Македонија ја продолжи кампањата до крајот на месец септември.
Одзивот е оценет како успешен и заклучно со 31 август 2008, околу 17 000 потрошувачи ги искористиле летните поволности, од кои дури 75% го платиле долгот во целост со што ја избегнале каматата. Останатите потрошувачи склучиле спогодби за плаќање на рати согласно висината на долгот во кој е вклучена и каматата.
Оваа можност EVN ја нуди со цел за регулирање на заостанатите долгови на потрошувачите пред отпочнување на зимскиот период кога вообичаено сметките за потрошена електрична енергија се повисоки.
|