Засилена контрола при читање на броилата на потрошувачите на ЕСМ
Од денеска АД ЕСМ започна акција на засилена контрола при читање на броилата на потрошувачите на електрична енергија низ целата територија на државата. Целта на оваа акција е да се спречат загубите на електрична енергија без разлика дали истите резултираат од погрешно прочитани броила, погрешно пресметана состојба на броилото, кражби на електрична енергија преку манипулирање на броилата, вклопните часовници, опремата за трансформатори, непресметани броила или објекти без броила. Со ваквите активности е загрозено снабдувањето на оние потрошувачи, кои редовно си ги подмируваат своите сметки, а предизвикуваат и големи штети на претпријатијата, кои се одговорни за фукционирањето на енергетскиот систем во Македонија. ЕСМ ќе поднесе тужби, против сите оние лица, кои што со своето криминално дејство му штетат на претпријатието. За сторените штети ќе се бара и соодветно обештетување. Оваа акција ќе биде подржана и од дополнителна строга контрола и после редовното читање на состојбата на броилата.
Превземи во формат .doc
|