На почеток


Прес - 10.09.2009

Преку Центарот за односи со потрошувачите зголемена ефикасноста во работењето на EVN Македонија

За да ги унапреди своите услуги, EVN Македонија преку центарот за односи со потрошувачите ќе спроведе истражување на 11. 000 потрошувачи, а дополнително ќе го воведе методот „Тајни потрошувачи“, преку што ќе се проверува односот на вработените кон потрошувачите.

Брза и навремена реакција, 24 часовна достапност како и информации и совети за снабдувањето и потрошувачката со електрична енергија се главните придобивки кој ги пружа Центарот за односи со потрошувачите на EVN Македонија, кој прослави една година од своето работење. Како резултат на тоа значително е намалено времетраењето на прекини во снабдувањето со електрична енергија, за 30% и зголемена е ефикасноста во работењето. Одговорено е на 100 % од примените претставки во Центарот за односи со потрошувачите.
„Центарот за односи со потрошувачи претставува организирано канализирање на комуникацијата помеѓу компанијата и потрошувачите и место каде што сите потребни информации, барања и поплаки добиваат конкретна разрешница. Токму тоа беше и нашата цел, да им понудиме на нашите потрошувачи можност за одговор или реакција во врска со снабдувањето и потрошувачката со електрична енергија. Ги повикувам потрошувачите да ги користат услугите на Центарот за односи со потрошувачите што повеќе и да се информираат за сите новини во компанијата“, рече Георг Валднер.
Во Центарот за односи со потрошувачите, граѓаните можат да пријават проблеми со снабдувањето со електрична енергија, да добијат информации или совети поврзани со потрошувачката на електрична енергија и енергетската ефикасност, но и да се пожалат или да упатат пофалба од односот на вработените во компанијата.
Во насока на натамошно унапредување на односите со потрошувачите, EVN Македонија преку Центарот за односи со потрошувачите ќе работи на дополнително унапредување на услугите и процесите во компанијата.
Наша цел е квалитетни услуги и задоволни потрошувачи. Затоа во следниот период ќе спроведеме истражување на 11. 000 потрошувачи, преку што ќе добиеме објективна оценка за квалитетот на услугите. Исто така ќе спроведеме и истражување преку методата „тајни потрошувачи“. Овие лица ќе ги посетуваат нашите Корисничко енерго центри и ќе го оценуваат односот на нашите вработени кон потрошувачите.
Центарот за односи со потрошувачите за својата работа доби и награда од Министерството за економија. Операторите во Центарот за односи со потрошувачи се достапни 24 часа на македонски и алабански јазик, а освен на телефонските броеви 0800 12345 и 0800 88888, одговор може да добиете и на електронската адреса info@evn.com.mk


Превземи
во формат.doc
<<<