Брза и прецизна дијагностика на ретинопатија кај децата со најсовремен апарат
Веќе започнаа прегледите за утврдување на ретинопатија кај бебињата и деца. Современата опрема која чини 2,8 милиони денари за потребите на Клиниката за очни болести ја обезбеди ЕВН Македонија. Досега за дијагностицирање на ова заболување кое најчесто се јавува кај предвреме родените деца, пациентите мораа да патуваат во странство.
29.09.2009- Скопје -Децата и бебињата кои имаат проблеми со ретината на окото ( ретинопатија) , веќе не мора да патуваат во странство за да направат преглед или да утврдат дијагноза. Отсега оваа најчувствителна група на пациенти добија можност за навремена и прецизна дијагностика за откривање на ретинопатија на најсовремен апарат,што ЕВН Македонија го донираше на Клиниката за очни болести во Скопје.
Опремата во вредност од 2,8 милиони денари, ЕВН Македонија ја набави во најкраток можен рок и веќе се започнати прегледите од страна на стручните лица на Клиниката за Очни болести.
Со големо задоволство ја дочекавме набавката на ласерот и индиректниот офталмоскоп, исклучително важни апарати за дијагноза и третман на прематурната ретинопатија која е мошне актуелен офталмолошки проблем во нашата држава рече , д-р Златко Арнаудовски .
Со скрининг , изјави д-р Арнаудовски се опфатени поголем број предвреме родени бебеиња и некој од нив се испратени на лекување во соседството. Но отсега ласерски третман ќе се прави и кај нас , за што се обучени и двајца лекари специјалисти кои истовремено го прават и скринингот за оваа дијагноза.
„Исклучително сум среќен поради фактот што бевме во можност да ја обезбедиме оваа опрема за дијагностика и лекување на проблеми со ретината кај бебињата и децата, кои се наша заедничка иднина. ЕВН Македонија се надева дека со оваа донација успеа да реши еден општествен проблем. Но, тука не застануваме. Како конструктивен дел од заедницата продолжуваме заеднички да придонесуваме“, изјави Георг Валднер претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, при посетата на кабинетот за ретинопатија, на Клиниката за очни болести – Скопје.
Преку оваа донација, за прв пат Клиниката за очни болести од Скопје доби најсовремена апаратура за прегледи и дијагностицирање на ретинопатијата кај бебињата и кај децата со што се овозможи ефикасно лекување. Досега за дијагностицирање на ова заболување кое најчесто се јавува кај предвреме родените деца, пациентите мораа да патуваат во странство. |