На почеток


Прес - 02.10.2009

Нов диспечерски систем на ЕВН Македонија за пофлексибилна и поквалитетна услуга за потрошувачите

ЕВН Македонија целосно го реконструираше и модернизираше диспечерскиот центар за управување со дистрибутивната мрежа. Комплетно е инсталирана нова современа опрема со која се овозможува надгледување и управување со целокупниот дистрибутивен систем на ЕВН Македонија.

Преку новиот диспечерски т.н. SCADA  систем за прв пат се овозможува централизирано далечинско управување со целокупната дистрибутивна мрежа на ЕВН Македонија.

Во оваа прва фаза, далечински можат да се управуваат високонапонските трафостаници на ЕВН Македонија во Скопје, а чекор по чекор во иднина и сите високонапонски трафостаници на целата територија на Република Македонија. Со тоа ќе се овозможи од едно место брзо да се лоцираат сите дефекти кои се појавуваат во дистрибутивната мрежа.

Како резултат на имплементирањето на современи технологии, како што се SCADA системот за далечинско управување и ГИС системот за географска документација на мрежата, но и ангажманот на мобилните тимови за отклонување на дефекти 24 часа во денот, значително ќе се намали времето за интервенирање на нашите тимови при отстранувањето на дефектите.

Со интензивната инвестициска програма на ЕВН Македонија која од 1 Април 2006 година досега достигна до 118 милиони евра, се модернизира дистрибутивната мрежа и се инвестира во нејзините критични точки.
Резултатите зборуваат сами за себе, бројот на дефекти е намален за дури 50% во последните 3 години.

Диспечерскиот центар на ЕВН Македонија е само еден од чекорите за подобрување на квалитетот на услугите кон потрошувачите.


Превземи
во формат.doc
<<<