На почеток


Прес - 15.10.2009

Кампања за разумно користење на електричната енергија
Со разумното користење на електричната енергија до посигурна иднина

ЕВН Македонија почнува широка акција за рационално користење на електричната енергија. Компанијата ќе нуди информации и препораки за граѓаните, компаниите и институциите, а специјализирани тимови на повик ќе даваат совети за рационално користење на електричната енергија на терен

15.10.2009- Скопје – Повеќе од половина или над 56% од испитаните граѓани незнаат што значи терминот рационално користење на електричната енергијата, покажа истражувањето што неодамна го спроведе ЕВН Македонија. Истражувањето покажува и дека на високи 83% од испитаниците, не им е позната разликата помеѓу енергетските класи А, Б, Ц, Д на електричните апарати за домаќинство. Ист е процентот и на испитаниците кои одговориле дека во својот дом немаат ниту еден електричен апарат за домаќинство од енергетската класа А.
Истражувањето покажува дека испитаниците го поистоветуваат терминот рационално користење на енергија со ефтините тарифи, а над 60% од испитаниците не користат енергетски ефикасни светилки во домовите.
Како резултат на ваквите состојби на терен, ЕВН Македонија отпочнува широка акција за подигнување на свеста кај граѓаните за рационално трошење на електричната енергија.  Преку оваа акција ќе се едуцираат граѓаните за бенефитите од примената на рационалното користење на енергијата во секојдневниот живот. Во текот на акцијата, преку Центарот за односи со потрошувачите, ЕВН Македонија ќе овозможи совети за граѓаните, компаниите и институциите за рационало користење на енергија, а тимови на компанијата на повик ќе даваат совети за рационално користење на електричната енергија на терен. Истовремено ќе се делат и едукативни брошури и летоци.
Рационалното користење на електричната енергија, не е ништо друго туку одговорно користење на енергијата. ЕВН Mакедонија не може да ја намали цената на електричната енергија, но може да им помогне на граѓаните, компаниите и институциите да ги намалат сметките за потрошена електрична енергија.“, изјави Георг Валднер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
И во изминатите години ЕВН Македонија работеше на едукација и подигнување на свеста за потребата и бенефитите од рационалното користење на енергијата, преку училишниот проект. Со овој проект кој се спроведува веќе трета година  одржани се 181 училиште низ цела Македонија, а одржани се 957 работилници, преку кои се опчфатени 22 354 ученици. Оваа учебна година предвидени е посета на 70 училишта, со што ќе бидат опфатени околу 7000 ученици.
Промоцијата се одржа во Театарот за деца и младинци каде ЕВН Македонија симболично го означи стартот на кампањата со донација за целосно опремување  на Театарот со штедливи и еколошки светилки.


Превземи
во формат.doc
<<<