На почеток


Прес - 19.10.2009

EVN Македонија Академија:
Дипломи за завршените електротехничари и старт на новата учебна година

Започна учебната година за новата група електротехничари во ЕВН Македонија Академијата.  Четириесет вработени во ЕВН Македонија кои во моментот немаат соодветни квалификации за новите работни процеси и работни задачи, во текот на следната година ќе се стекнат со потребните знаења и вештинии за еден електротехничар. 
Денеска,пак,  свечено им беа доделени  дипломи за завршено електро-техничко образование,  IV степен, на 15 вработени на ЕВН Македонија од различни централни оддели и Кориснички Енерго Центри, кои се втората генерација електротехничари кои  ЕВН Академијата .
Со бесплатната програма за преквалификација, ЕВН Македонија на своите вработени им нуди експертски обуки, подобри работни позиции и можности за развој на кариерата. Со ова им се обезбедува  долгорочна иднина во компанијата, и се нуди можност за личен и професионален развој.Токму затоа ЕВН Македонија Академијата е добитник на наградата на националниот избор за општествено одговорни претпријатија за 2008 година од Координативното тело за корпоративна општествена одговорност при Министерството за економија .
По извршената реорганизација на компанијата многу од процесите се оптимизираа и некои од старите работни функции повеќе не се потребни. За таа цел, EВН Македонија преку својата Академија, им дава можност на вработените да се адаптираат на нови работни задачи . Освен технички обуки и школување, Академијата нуди и други тренинзи и курсеви за сите свои вработени, како и обуки за воспоставување на нови работни процеси.


Превземи
во формат.doc
<<<