На почеток


Прес - 19.11.2009

EVN Македонија ги модернизира наплатните пунктови - нов дизајн, побрза услуга, продолжено работно време

Со цел да им обезбеди поквалитетна и понепосредна услуга на потрошувачите, ЕВН Македонија почна со модернизација на наплатните пунктови низ Македонија.
Редизајнот и оптимизацијата на наплатните пунктови е само еден чекор поблиску до збогатувањето на услугите за потрошувачите што ќе ги донесе имплементацијата на новиот систем за наплата.
Воведувањето на новиот систем за наплата е во тек и веќе на почетокот на наредната година потрошувачите  ќе имаат можност да користат нови услуги во нашите модернизирани наплатни пунктови.

Реконструкцијата на наплатните пунктови е континуиран процес во цела Македонија. Денеска шест наплатни пунктови во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово беа целосно реновирани и модернизирани. Реконструираните наплатни пунктови имаат и продолжено работно време односно од 08:00 до 19:00 часот секој работен ден и од 08.00 до 16.00 во сабота.

Со цел да се доближи до потрошувачите и да им обезбеди понепосредна услуга, ЕВН Македонија пред два месеца отвори и нови наплатни пунктови во скопските населби Сарај и Шуто Оризари.

ЕВН Македонија секогаш се стреми да им обезбеди најквалитетна услуга на своите потрошувачи и особено внимание посветува на точките каде тие имаат можност директно да се обратат во компанијата.


Превземи
во формат.doc
<<<