Нови раководни органи во EVN Македонија АД
По истекот на 4 годишниот мандат во април 2010, според денешната одлука на Надзорниот одбор за промена на работните позиции, Претседателот на Управен одбор ММаг. Георг Валднер и Заменик Претседател на Управен одбор Инг. Карл Хајнц Грасман, по успешното реструктуирање и интеграција на претпријаитето, ќе им се посветат на новите работни задачи во ЕVN Концернот.
Во меѓувреме ќе биде назначено ново раководство кое дополнително ќе биде објавено од Надзорниот Одбор.
Д-р. Петер Лаер, Претседател на Надзорниот Одбор на EVN Македонија и Заменик Претседател на Управен Одбор во EVN AG: „Сакам да ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам на досегашните членови на Управниот одбор, за нивниот особен ангажман во изминатите години и за нивното успешно реорганизирање на компанијата. По успешната реконструкција и интеграција, EVN очекува понатамошен континуитет во Македонија.„
Претседател на Управен Одбор ММаг. Георг Валднер: „Во изминатите години сите предуслови за успешна иднина на EVN Македонија беа исполнети, а на нашите наследници им посакувам голем успех и се најдобро. „
Со околу 2.700 вработени, мрежа во должина од 25.000 км. и со околу 800.000 потрошувачи на територијата на целата Република, EVN Македонија е водечко претпријатие за снабдување со електрична енергија во Р. Македонија.
Произлегувајќи од државното АД ЕСМ, во изминатите три и пол години претпријатието преброди радикален период на санирање и реструктуирање, со што денеска стана интегрален дел од Групацијата EVN – водечка австриска компанија за енергија и животна средина. По реализација на најголемата инвестициона програма во историјата од 120 мил. евра, преку инвестиции во мрежа, во нови технологии, модерна инфраструктура и Центар за односи со потрошувачи, како и преку комплетна рехабилитација на 11 хидроцентрали, EVN Македонија денеска се вбројува во претпијатијата предводници во регионот. |