EВН Македонија доби награда за најдобро корпоративно управување
На националниот избор во организација на невладината организација "Транспарентност – Нулта корупција" ЕВН Македонија беше една од наградените компании со најдобро корпоративно управување. Освен ЕВН Македонија, цертификати добија и Охридска Банка, Комерцијална Банка, Прокредит Банка, Ренова и ИНЕТ.
Изборот се организира традиционално веќе трета година по ред по повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9-ти декември.
Невладината организација "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, заедно со тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои се изврши евалуација на компаниите.
Критериумите за евалуација беа следните: Како менаџментот ги спроведува своите активност, однос со вработените, комуникација со потрошувачите, однос со снабдувачите, влијание врз заедниците и околината каде дејствуваме.
Право на учество имаа сите компании во Р.Македонија. |