АД ЕСМ почнува наградна игра со која ќе ги наградува своите редовни потрошувачи и нуди атрактивни понуди за подмирување на заостанатите сметки за електрична енергија
АД ЕСМ организира наградна игра за своите редовни плаќачи на електрична енергија, во која ќе имаат можност да учествуваат сите оние потрошувачи кои ги имаат подмирено своите заостанати сметки.
Предвидени се 1803 награди кои ќе бидат извлечени во период од 3 месеци, во кои главната награда е патување во Виена.
АД ЕСМ на своите потрошувачи им нуди и можности за подмирување на заостанатите долгови за електрична енергија. Понудата содржи две опции помеѓу кои потрошувачите ќе можат да изберат како да го подмират долгот кон ЕСМ, а кој се однесува за периодот од месец 09.2005 заклучно до 10.2006 година.
Ако потрошувачите веднаш целосно го платат заостанатиот долг за овој период, тие ќе бидат ослободени од вкалкулираната камата во сметките. Доколку,пак, не можат да го платат целиот долг наеднаш, потрошувачите ќе имаат можност да склучат спогодба за плаќање на рати, но во тој случај не се ослободуваат од каматата. Максималниот број на рати е десет и тој зависи од големината на долгот.
За секој потрошувач на електрична енергија кој должи, а кој нема да ја прифати ниту првата, ниту втората опција, ќе следи исклучување од мрежата. Можноста за понудените бенефиции ќе трае три месеци почнувајки од 01.02.2007година до 30.04.2007 година.
Целта на двете кампањи е да се стимулираат потрошувачите редовно да ги плаќаат сметките, како и да ги подмират старите долгови за електрична енергија.
Превземи во формат .doc
|