ЕВН Македонија ја пушти во употреба новата трафостаница Драчево
Со официјалниот старт на 110кВ трафостаница Драчево, значително ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија во источниот дел на градот Скопје.
Новата модерна трафостаница ќе придонесе за поквалитетно снабдување во населените места: Драчево, Студеничани, Батинци, Лисиче, Љубош, индустриската област Пинтија и други. Трафостаницата има вградено два трансформатори со 31,5 МВА и најсовремена опрема за заштита и управување. Вкупната инвестиција во која се опфатени и потребните приклучоци на висок и среден напон, изнесува 3,2 милиони евра.
Отворањето беше симболично означено од г-дин Георг Валднер, Претседател на УО на ЕВН Македонија, г-дин Владимир Здравев, генералниот директор на МЕПСО и Заменик премиерот
г-дин Владимир Пешевски.
“Новата трафостаница ќе го подобри снабдувањето со електрична енергија кое беше неопходно во овој дел од градот. Оваа инвестиција ќе обезбеди доверливост во напојувањето кај постоечките 35 000 потрошувачи, но и можност за двојно повеќе нови приклучоци вклучувајќи и индустриски, изјави г-дин Валднер.
Трафостаницата Драчево е дел од проектите на кои заеднички работат Владата, ЕВН и МЕПСО, а кои имаат за цел да го продлабочат процесот на зајакнување на системот за снабдување со електрична енергија во земјава. Ваквите проекти од капитален карактер не се само во функција на подобрувањето на општите услови за живот на граѓаните, но и на подобрувањето на условите за развој на индустријата во овој реон” - изјави Вицепремиерот Пешевски.
|