На почеток


Прес - 29.12.2009

За повеќе од двојно намалени несреќите при работа во EVN Македонија

EVN Македонија регистрираше намалени несреќи при работа под напон за  62%
Ова се должи на извршените обуки за правилна употреба и користење на заштитни средства и опрема, зголемените мерки за безбедност при работа и набавените заштитни средства согласно европските норми и стандарди.
Поради специфичноста на работата, EVN Македонија за своите вработени кои имаат допир со електрична енергија изминатиот период инвестираше во заштита на своите вработени преку набавка на заштитни одела, електроизолациони шлемови и алат, како и многу друг неопходен материјал за безбедно работење и пристап до напонски локации.
Во интерес на заштитата при работа се формираше и Центар за обука за работа под напон во Македонски Брод каде вработените на EVN Македонија посетуваат специјални обуки за ракување со опрема под напон.

Со сите овие активности EVN Македонија во целост го почитува и применува Законот за безбедност и здравје при работа .


Превземи
во формат.doc
<<<