На почеток


Прес - 08.01.2010

EVN Македонија за 50% го зголеми производството на електрична енергија
од обновливи извори

По ревитализацијата на сите мали хидроцентрали, воведувањето на новата и модерна технологија во нив, EVN Македонија директно придонесе за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори за 50%.

Годишно производство на сите 11 мали ХЕЦ во минатите 10 години просечно изнесувало 100 милиони kWh, а исто толку беше планирано и за 2009 година. Но, во годината што измина беа произведени над 150 милиони kWh електрична енергија, што е за 50% повеќе од планираното.

Овие рекордни позитивни резултати, пред се, се должат на инвестициите во малите хидроцентрали, кои овозможија двојно зголемен капацитет на ХЕЦ Матка, зголемен капацитет на ХЕЦ Пена за 28%, на Калиманци за 15%, како и целосно ревитализирање на сите 11 мали хидроцентрали со најсовремена електро, машинска и хидраулична опрема.
Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на EVN Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди.

Кај сите мали хидроцентрали во сопственост на EVN Македонија е воспоставена целосна автоматизирана работа без персонал, далечински управувани преку SCADA систем и мрежен интернет протокол.
Дел од малите ХЕЦ се директно поврзани на новиот и модернизиран диспечерски центар, со што надгледувањето и управувањето со овие централи може да се одвива од едно место.


Превземи
во формат.doc
<<<