На почеток


Прес - 10.01.2010

ЕВН Македонија ги намали дефектите во дистрибутивната мрежа над 40%

Изминатите два месеца беа регистрирани помал број на дефекти во дистрибутивната мрежа за над 40% од истиот период лани, а за исто толкав процент односно 43% беше скратено и времетраењето на прекините. 

Причина за ова пред се, се инвестиционите зафати на сите напонски нивоа, санирањето на повеќето критични точки каде минатите зими беше регистрирано големо преоптоварување, модерната технологија имплементирана за брзо откривање и санирање на прекините преку новиот Диспечерски центар, добро организираните теренски тимови, како и ефикасниот систем на Центарот за односи со потрошувачи.

Пуштањето во употреба на новите високонапонски трафостаници во скопско Драчево и тетовско Теарце значително го  подобрија снабдувањето со електрична енергија и во источниот дел на Скопје и Полошкиот регион токму пред стартот на зимата.

Празниците поминаа речиси без дефекти, иако беше регистрирана рекордна потрошувачка на дневно ниво во овој период. Само во последните две недели споредено со истиот период минатата година, дефектите се намалени за над 60%.

Одредени прекини се случија  само пред новогодишните празници поради екстремно ниските температури и невремето кое предизвика штети во дистрибутивната мрежа. 


Превземи
во формат.doc
<<<