На почеток


Прес - 27.01.2010

ЕВН Македонија и потрошувачите во заедничка акција за подобри услуги

Со цел подобрување на своите услуги, ЕВН Македонија воведе  “инфо кутии”  за повратна информација од потрошувачите. На овој начин, на потрошувачите им се нуди можност за искажување на нивното задоволство, односно незадоволство, нивните мислења и идеи, коментари и предлози,  како и нивните очекувања од ЕВН Македонија.

Инфо кутиите се поставени во „фронт-офисите“ на сите 19 Кориснички енерго центри (КЕЦ-ови) на ЕВН Македонија, на соодветно и видно место. Информациите од потрошувачите потребно е да бидат напишани единствено на официјалниот Анкетен лист и вметнати во инфо кутијата. Минималното ангажирање и пополнување на кратката анкета од страна на потрошувачите, овозможува самите да придонесат во подобрувањето на работењето на ЕВН Македонија и услугите коишто ги нуди.

Потрошувачите се важен извор на информации како една компанија треба да работи и како да ги подобри своите услуги.
Менаџментот на ЕВН Македонија ќе ги земе предвид овие мислења и забелешки во  подобрувањето на односите со потрошувачите.


Превземи
во формат.doc
<<<