На почеток


Прес - 04.02.2010

Рекордно производство на малите ХЕЦ на ЕВН Македонија во јануари

Во првиот месец од годината, ЕВН Македонија регистрираше рекордно производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија за 130% повеќе од просечното производство во минатите десет години. 
Производството од малите хидроцентрали во Јануари годинава е 23,5 GWh, наспроти просечното производство од 10 GWh за истиот месец во изминатите десет години.

Ваквата состојба се должи на ревитализацијата на малите хидроцентрали и воведувањето на модерна технологија во нив.  Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на EVN Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди.

Рекордни резултати се регистрираа и за цела 2009 година, која се заврши со 150 милиони KWh произведена електрична енергија од малите хидроцентрали на ЕВН Македонија,  што е за 50% повеќе од планираното и од просекот во минатата деценија.


Превземи
во формат.doc
<<<