На почеток


Прес - 22.02.2010

EVN Македонија го реализираше третиот детски квиз за енергетика

ЕВН Македонија по трет пат го реализираше детскиот квиз за енергетика во рамките на проектот „Училишен сервис“. На крајот од секое полугодие дечињата имаат можност преку многу забава, дружење и смеа да ни покажат колку многу научиле од работилниците кои компанијата ги спроведува во текот на целата учебна година, а со цел запознавање на децата со основните енергетски поими и разумно користење на електрична енергија. Традиционалното одржување на овие квизови започна во февруари минатата година, а нивната успешна реализација претставува поттик да продолжиме и понатаму.

Домаќин овој пат беше ОУ „Ѓоргија Пулевски“ од Скопје каде се натпреваруваа 18 ученици од различни училишта ширум републикава.  Иако целта на овие квизови е да се покаже знаењето, пред се, идејата е забава, дружење и нови искуства за најмладите.

Заслуженото прво место го доби ОУ „ Стив Наумов“ од Скопје, кое ќе ја има можноста да ја посети хидроцентралата Матка како главна награда, второто место го освои ОУ Васил Главинов, Скопје, кое се стекна со наградата посета на Центарот за потрошувачи на ЕВН Македонија и третото место му припадна на ОУ Кирил и Методиј, с.Стајковци, за што ќе добијат опремување на училиштето со штедливи светилки.

Во рамките на самиот квиз наградени беа и најкреативните ученици кои учествуваа во литературниот и ликовниот конкурс отворен во текот на целата учебна година каде дечињата ни ги испраќаат своите литературни и ликовни творби на тема „Разумно користење на ел.енергија“.

Инаку, училишниот сервис на ЕВН Македонија досега посети 216 основни иучилишта, а проектот продолжува и во наредните години.


Превземи
во формат.doc
<<<