ЕВН Македонија ги намали дефектите во дистрибутивната мрежа за 60 %
Во првите два месеца од годината беа регистрирани помал број на дефекти во дистрибутивната мрежа за 60% споредено со истиот период лани.
Само во месец јануари годинава, регистрирани се 67% помал број дефекти во однос на јануари 2009, а дури 89% во однос на јануари 2008 година.
Во месец февруари, пак, дефектите се намалени за 55% во однос на истиот месец лани, а 65% во однос на февруари 2008 година.
Причина за намалените дефекти, пред се, се инвестиционите зафати на сите напонски нивоа, санирањето на повеќето критични точки каде минатите зими беше регистрирано големо преоптоварување, модерната технологија имплементирана за брзо откривање и санирање на прекините преку новиот Диспечерски центар, добро организираните теренски тимови, како и ефикасниот систем на Центарот за односи со потрошувачи.
Дефектите, пак, кои беа регистрирани се однесуваа на преоптоварувањето на мрежата во периодите на екстремно ниски температури во јануари, а најголем дел од дефектите беа причинети од природни непогоди какви што беа неодамнешните поплави во одередени региони и одрони на карпи во Реканскиот регион. Екипите на ЕВН Македонија во екстремно лоши услови и вложувајќи екстремни напори успеаја за кратко време да ја обноват мрежата и да ја дистрибуираат електричната енергија до селата кои беа отсечени поради одроните. |