На почеток


Прес - 10.03.2010

Од 1-ви април 2010 нов Управен одбор на EVN Македонија –
Со одлука на Надзорниот одбор се назначуваат Дипл. инж. Вернер Хенгст и Инж. Маг. Волфганг Шефер, искусни менаџери од ЕВН групацијата

Со важност од 1-ви април 2010 во EVN Македонија доаѓа до промена на Управниот одбор. Новиот Претседател на Управниот одбор ќе биде дипл. инж. Вернер Хенгст (41), кој има долгогодишно работно искуство во областа на дистрибуција на електрична енергија како во Долна Австрија така и во Бугарија. Во изминативе години тој, како заменик Претседател на Управниот одбор на бугарската компанија за дистрибуција на електрична енергија, даде значителен придонес за подобрување на сигурноста на снабдувањето, но и суштински поттик во делот на проширување на мрежата и нови приклучоци. Инж. маг. Волфганг Шефер (46) е именуван за заменик Претседател на Управниот одбор на EVN Македонија. Во EVN Концернот досега беше одговорен за делот советување и услуги за потрошувачи како и за енергетска ефикасност.

Д-р Петер Лаер, член на Управниот одбор на EVN Концернот и Претседател на Надзорниот одбор на EVN Македонија, по денешната седница изјави: „Со назначувањето на дипл. инж. Вернер Хенгст и инж. маг. Волфганг Шефер добиваме двајца искусни EVN менаџери, кои и во следните години консеквентно ќе продолжат да ја водат компанијата во насока на зголемување на сигурноста на снабдувањето и подобрување на услугите за потрошувачите.“

По успешното реструктурирање и интегрирање на компанијата, како и по истекување на нивниот четиригодишен мандат како Управен одбор на EVN Македонија, ММаг. Георг Валднер (35) и инж. Карл Хајнц Грасман (53) ќе се посветат на нови задачи во EVN Концернот.

дипл. инж. Вернер Хенгст

 

инж. маг. Волфганг Шефер

Превземи во формат.doc
<<<