На почеток


Прес - 03.05.2007

Расте интересот за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија- кампањата продолжува до крајот  на мај

Можноста за подмирување на заостанатите долгови на електрична енергија, изминатите три месеци предизвика позитивни реакции кај потрошувачите на АД ЕСМ.
450 000 заостанати сметки се решени, од кои 67% се платени во готово, а за останатите се склучени 12 000 спогодби за плаќање на рати.
Позитивните резултати од акцијата, како и големиот интерес за подмирување на старите сметки за електрична енергија, укажаа на потребата за продолжување на кампањата до крајот на месец мај. Продолжувањето е со цел да им се даде уште една можност на потрошувачите да ја искористат специјално понудената програма од страна на компанијата.
По истекување на овој дополнителен рок, АД ЕСМ ќе ги исклучува сите потрошувачи кои не ги подмириле своите долгови  за потрошена електрична енергиja.

Превземи во формат .doc

<<<