На почеток


Прес - 30.03.2010

Нов модерен систем за подобри услуги

ЕВН Македонија од 1-ви мај 2010 година воведува нов модерен систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија.

Поради потребното време неопходно за интеграција на новиот систем, во почетокот на месец април на своите корисниците ЕВН Македонија ќе им достави две фактури за електрична енергија во досегашната форма – слично како и за време на годишните одмори.

Пресметките ќе се однесуваат на отчитаните вредности за месец март и прогнозирани вредности за месец април. Фактурата за месец април, иако доставена однапред ќе биде со вообичаениот рок за плаќање до 15-ти мај 2010.

ЕВН Македонија го воведува новиот систем за пресметка со единствена цел – подобри услуги, предности и поволности:

  • Новата фактура ќе биде попрегледна и подетална, со нов модерен изглед;
  • Доставата на сите фаткури ќе се врши од страна на Македонски Пошти, на адреса по  избор на потрошувачот, со можност на една адреса да пристигнуваат пресметките за повеќе броила;
  • Наплатните места на ЕВН Македонија ќе нудат зголемен обем на услуги. Во било кој град, без оглед на местото на живеење, потрошувачите ќе можат да ги плаќаат фактурите за електрична енергија, да добиваат копии и да извршат корекција на истите, како и да добијат различни информации.

Првата фактура од новиот систем за месец мај кај најголем број од корисниците ќе се однесува за пресметковен период помал од еден месец. Почнувајќи веќе од наредниот месец, без исклучоци, пресметаната енергија како и до сега ќе се однесува за пресметковен период од еден месец.

Доколку од било која причина се случи на некој од  корисниците, евентуално да не им   пристигне фактурата за електрична енергија, ќе треба да се обратат во најблискиот КЕЦ и да побараат копија од фактурата (согласно условите за снабдување со електрична енергија член 51 став 2).

ЕВН Македонија секогаш во центарот на своите активности ги има своите корисници, затоа се надеваме  на соработка и разбирање во следниот период додека трае процесот на конечна имплементација на новиот систем за пресметка.

За сите дополнителни прашања апелираме до граѓаните да не контактираат преку Центарот за односи со корисници на 0890 12345, достапен за Вас 24 часа, 7 дена во неделата.

Превземи во формат.doc
<<<