На почеток


Прес - 14.05.2010

  Почна доставата на фактурите за потрошена електрична енергија     

 ЕВН Македонија почна со новиот систем за фактурирање и достава на  пресметките за потрошена електрична енергија. Корисниците според новиот модел, покрај фактурата која има нов изглед ќе добијат и писмо со објаснување на содржината.

Доставата на новите фактури ја врши  Македонска пошта, според договорот за достава на пратки потпишан меѓу двете компании. Со оглед на тоа што ова е новина во процесот, ЕВН Македонија апелира до корисниците кои евентуално од било кои причини нема да добијат фактура, да се јават во Центарот за односи со корисниците  и во приемните  канцеларии во Корисничко енергетските центри и да побараат да им биде издадена.
Со тоа ќе се корeгираат евентуалните недоразбирања, а впрочем тоа е и законска обврска на корисникот според правилата за снабдување, ако во предвидениот рок од било кои причини нема  добие фактура, самиот да ја побара. Рокот за плаќање на фактурите е според предвидената законска рамка 15 дена по изготвувањето на пресметката.

Инаку новиот систем нуди подобри услуги, предности и поволности за корисниците. Поделбата на четири групи на корисници  овозможува континуирано и прецизно отчитување на потрошената електрична енергија, а фактурите ќе се однесуваат на период од еден месец и ќе  содржат повеќе информации. Отстапки од 30 дневниот период има само во транзицискиот месец мај кога поголем број од корисниците ќе добијат и пониски сметки поради помалиот број на отчитани денови во зависност од тоа во која група припаѓаат .
Дополнителна предност е и тоа што корисниците ќе  може да изберат на која адреса ќе им се доставуваат фактурите, со можност на една иста адреса да пристигнуваат фактури за повеќе броила, а плаќањето ќе може да се врши и во било кој град, без оглед на местото на живеење.

Превземи во формат.doc
<<<