
„Ова е едно од оние места кои што цврсто не врзуваат со нашиот Тоше,токму тука тој го наоѓаше својот духовен мир. Голема благодарност до EVN Македонија за донацијата од 300 илјади евра и што за кратко време ја завршија работата“, рече премиерот Никола Груевски.
“Комплексот ќе свети во следните години и бројни посетители и фанови од целиот регион ќе сведочат за неговата единственост. На тој начин, надвременскиот Тоше Проески ќе игра голема улога за неговата татковина и за овој дел од европското семејство“, изјави Др.Гинтер Офнер, извршен директор на EVN Македонија Холдинг.
“Ветувањата да се обезбеди електрична енергија за манастирот ќе беа само празни зборови, ако не работевме напорно за да го реализираме проектот и магијата на електричната енергија да направи овој свет храм да блеска и во ноќта“, изјави г-дин Вернер Хенгст, Претседател на Управниот Одбор на EVN Македонија.
И од Меѓународната Фондација Тоше Проески изразија благодарност за донацијата на EVN, за поддршката од Владата на РМ, на сите фанови и сите кои го сакаат Тоше.
„Да беше вечерва со нас, не ќе имаше посреќен човек од него на светот. Неговиот голем сон за кој тој вредно и истрајно работеше и живееше, стана реалност,“ изјави Андреј Николоски од Фондацијата. Тој ја најави наскоро и изградбата на 33 метарскиот крст којшто е дел од манастирскиот комплекс.
Роднините, пријателите и обожавателите на Тоше, беа сведоци на магијата што ја создава осветлениот манастир. Трасата по којашто се движи кабелскиот вод е долга 7,6 километри. Проектот е целосна донација на EVN Македонија за Меѓународната Фондација Тоше Проески и македонскиот народ. Проектот несебично го помогнаа и подизведувачите Комелинт, Спектратермо, Инсталација и Мепос оператива кои ги намалија цените на услугите што ги даваа при изградбата на мрежата.
|