С О О П Ш Т Е Н И Е
EVN Македонија почна со усогласување на фактурирањето на заедничката потрошувачка на електрична енергија со новиот Закон за домување
Со новите фактури за потрошена електрична енергија не се врши поделба на заедничката потрошувачка по одделни станови, како што досега се практикуваше кај дел од станбените објекти.
Во иднина фактурите за потрошена електрична енергија на броилата за заедничка потрошувачка ќе бидат адресирани до куќните совети, односно согласно законот за домување, до ново формираните правни лица. Според законот, станбените објекти се задолжени да формираат правно лице односно заедница на сопственици преку која ќе одат сите менаџирања во зградата, како и плаќањето на сите заеднички трошоци во објектот. Оттука, и заедничката потрошувачка за електрична енергија ќе се регулира преку правното лице или Управителот на зградата.
EVN Македонија апелира до куќните совети, по формирањето на новиот правен субјект во зградата, да склучат договор со ЕВН за регулирање на наплатата на потрошената електрична енергија за броилата од заедничката потрошувачка.
|