ЕВН Македонија имплементира нови и современи стандарди во своето работење. Со цел да овозможиме највисоко ниво на услуга за нашите потрошувачи и професионалност, ЕВН Македонија имплементираше внатрешен систем на контрола за подобрување на квалитетот. Така што, доколку имате впечаток дека некој од нашите вработени во процесот на приклучување на електродистрибутивната мрежа на било кој начин ја злоупотребил својата позиција, ова неприфатливо однесување можете да го пријавите на т.н. правобранител на ЕВН Македонија. Правобранителот е независен и се грижи за правата на потрошувачите. Информациите ќе бидат третирани како доверливи.
Правобранителот на ЕВН Македонија може да го контактирате преку:
Е-маил: ombudsman@evn.com.mk или +389 2 3215-001
|