На почеток


ЗОШТО ОВАА БЕЛА КНИГА?

EVN сака да овозможи целосна транспарентност во однос на сите факти и аргументи поврзани со нашата инвестиција во Република Македонија. Убедени сме дека транспарентноста и целосното обелоденување на важни документи е суштински предуслов за овозможување на сите заинтересирани луѓе и институции да го следат овој случај и да ја изградат сопствената позиција. Целосно сме сигурни дека целосна и потполна слика на сите случувања ни дава најдобра заштита.

Оваа БЕЛА КНИГА понатаму ќе биде дополнувана, секогаш кога ќе бидат на располагање нови факти и докази, ќе ги објавуваме сите важни информации и навремено ќе реагираме на сите настани, информации, неточни изјави и/или погрешни обвинувања против нас во иднина. На тој начин исто така ќе треба да служи како постојано растечка и ажурирана документација за секој кој сака да го следи случајот или кој има потреба од информации за професионални цели.

Оваа БЕЛА КНИГА не треба да спречи никого со отворени прашања да не праша директно и лично, но треба да служи како примарен извор на оргинални документи кои често се споменуваат во јавноста или кои се користеа во судот, или за знаење на оргиналниот текст, суштинско за разбирање на случајот.

Ве молиме во било кое време користете ја интернет страницата www.evn.com.mk за целосен пристап до БЕЛАТА КНИГА.
Во случај на проблеми Ве молиме јавете се на 3214 752.
Оваа БЕЛА КНИГА ги покрива фактите прашање по прашање и на хронолошки начин, давајќи објаснувања и докази, a дополнително и соодветните документи.

Краток вовед:
Пo процесот на реструктурирање на поранешното целосно интегрирана енергетска компанија ЕСМ во компаниите МЕПСО ( Високонапонска мрежа), Неготино (Термоцентрала), ЕЛЕМ (Производство) и ЕСМ дистрибуција на 31 август 2005 беше потпишан договор за регулирање на меѓусебните обврски помеѓу ЕСМ, ЕЛЕМ и ТЕЦ Неготино. Првата проценка на компанијата која требаше да се приватизира од страна на Мајнл Банка, советник на Владата, покажа дека вредноста на компанијата ЕСМ дистрибуција е максимално само помеѓу 35 и 70 милиони евра, што беше многу разочарувачки факт. Така советниците предложија мерки за зголемување на вредноста. Резултатот беше, да се подмират конечно сите меѓукомпаниски односи со анекс договор, наложено од Владата на затворената седница на 27. ноември 2005 и потпишано од ЕЛЕМ и ЕСМ на 5 декември 2005. Како резултат на тоа ЕСМ беше ослободена од било каков отворен долг кон ЕЛЕМ и Владата одлучи дека минималната купопродажна цена ќе биде 160 милиони евра.
Како следен чекор на 9 декември 2005 беше објавен тендерот за продажба на 90% на акциите на АД ЕСМ. EVN AG учествуваше на длабинското снимање за време на кое Владата увери и гарантираше дека компанијата нема долг кон ЕЛЕМ. Ова исто така беше покажано во писма од ЕЛЕМ до Министерството за Економија и до КПМГ. EVN даде највисока понуда ( 225 милиони евра) и го потпиша купопродажниот договор кој беше пропишан од Владата.

По промената на Владата започнаа првите проблеми, досега имаше многу дистриминаторски постапки и постојан притисок кон EVN кој се зголемува со текот на времето.
Дополнително не можеме да разбереме зошто Владата погрешно се обидува да го лоцира проблемот со ЕВН во прашањето дали EVN AG Австрија инвестирала средства во компанијата EVN Македонија. Јасно покажавме дека EVN ја исполни инвестиционата обврска, факт што беше потврден од КПМГ и ние сме подготвени за арбитража пред објективен меѓународен форум, како тој во Лондон, доколку Владата размислува поинаку од нас.
Затоа ги објавуваме сите докази за тоа во оваа БЕЛА КНИГА.
На располагање сме за натамошни објаснувања.

ХРОНОЛОГИЈА
ВАЖНИ ДОКУМЕНТИ
ВАЖНИ ЛИНКОВИ
ВОВЕД: НЕ ПОСТОЕШЕ ДОЛГ НА АД EVN МАКЕДОНИЈА КОН ЕЛЕМ
ТУЖБАТА ОД ЕЛЕМ И ПОСТАПКАТА ВО ОСНОВНИОТ СУД
ПОДОБРУВАЊА ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИИ
АРБИТРАЖА ВО ВАШИНГТОН
ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА
ЧИНГОВСКИ И ЕЛЕМ
ПОГРЕШНИ ИЗЈАВИ И ЗАБЛУДИ
ОПЕРАТИВНА РАБОТА НА EVN МАКЕДОНИЈА
ИНТЕРВЈУА, КОЛУМНИ И ИЗВЕШТАИ ОД МЕДИУМИ